БИОФИДБЕК ЦЕНТАР

Центар за ре-едукација и рехабилитација.

Што е тоа биофидбек и за што се користи

 

Биофидбек е метода на новото време, тоа е научен и медицински метод без несакани дејства и странични ефекти. Toj се базира исклучиво на самообучување (тренинг) врз основ на обратната врска од моменталната физиолошка состојба и возможноста за сaморегулација.

Мерењето на физиолошкиот импулс ни открива одредени состојби на организмот во целина при што распознаваме физиолошка состојба на спокојство, активност, концентрација и готовност.

Постојат повеќе видови на физиолошки импулси и соодветно на нив различни видови повратна врска како што се ЕЕГ –биофидбек на мозокот, ЕМГ-биофидбек на мускулите, HRV-биофидбек на срцето, ТЕРМО-биофидбек од телесна температура, КОЖЕН-биофидбек од кожна спроводливост.

ЕЕГ-биофидбекот го нарекуваме неуротренинг, неуротерапија или неурофидбек.

ЕЕГ-биофидбек дава возможност за сознајна контрола и регулирање на мозокот која од друга страна помага да сме по здрави, по издржливи и по умни. ЕЕГ-биофидбек не учи како да ја користиме поголемата половина од мозокот. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео

 

ул. Коста Новаковиќ 48

Општина Аеродром

1000, Скопје

Телефон 075 422 771

E-mail: draganko@gmail.com

2017 Биофидбек Центар

Биофидбек центар

Центар за реедукација и рехабилитација

Во нашиот центар користиме најнова биофидбек технологија водена од стручни лица од оваа област. Со помош на современата технологија подкрепена од научните, теоретски и практични знаења на нашите специјалисти можеме да одговориме и на најсложените предизвици со кои се соочуваат луѓето во денешниот свет а се поврзани со нормалното функционирање во секојдневието.

За да се запознаете подобро што представува биофидбек погледнете го видео клипот.

Биофидбекот или периферниот биофидбек, се занимава со периферните физиолошки процеси односно тој ги регистрира периферните одговори на човековиот организам. За него велиме периферен затоа што за централен го сметаме неурофидбекот или одговорите на централниот нервен систем. Во периферниот биофидбек најчесто следени парметри се: срцевиот ритам, телесната температура, фрекфренцијата на дишење, кожната спроводливост и крвниот волумен.

Сите овие телесни одговори се поврзани со автономниот нервен систем и нивното регулирање се одвива автоматски т.е. ние немаме никаква контрола врз нив, или барем така мислиме. Во последните 30 години биофидбекот докажа дека во најголем број на случаи кои биле третирани со овој метод покажале позитивен одговор на него и успеале да извршат одредени влијанија во сопствените тела на начин на кој се барало од нив, било тоа да е забавување или забрзување на некоја од горе споменатите процеси.

Пациенти со тешки состојби на нарушен срцев ритам кои претходно не реагирале на класичните медицински третмани, со помош на биофидбек успеале да воспостават нормален срцев ритам, исто така лица со хиперактивност и нарушено внимание покажале добар одговор на неуротренингот а состојбите како што се депресија, анксиозност, епилепсија во голем број од третираните лица целосно се повлекле и не се повториле.

Телефон: 075 422 771

Резултат со слика за facebook
Резултат со слика за education